Почна демонтирањето на галијата кај „Холидеј Ин“

Градот Скопје денеска официјално почна со демонтажа на првата од трите галии кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. Поточно, се демонтира галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, и тоа од страна на ЈП „Улици и патишта“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција рече дека станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на надвижните ствари кои се наоѓаат внатре, а потоа целосна демонтажа на самата галија, која како постапка, Шилегов очекува дека ќе трае неколку недели.

-Со ова конечно како континуитет на политиките кои јас ги креирам како градоначалник започнуваме со едно поизразено расчистување со криминалниот и болноумниот проект „Скопје 2014“, бидејќи овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се де факто и опасност за граѓаните на Скопје. Имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот и стручните служби на Градот од една страна, меѓутоа и студијата на УНДП зборува дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност за потоп и евентуални поплави кои можат да наместат сериозна материјална штета и да загрозат животите на скопјани, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалникот потенцира дека демонтирањето на галиите на оди на материјална штета на буџетот на градот, или на даночните обврзници на Скопје.

Во однос на демонтирањето на втората галија, Шилегов рече дека има една спорна одлука на Апелациониот суд во Скопје, и како што рече, сака да ја реобнови постапката.

-Има една спорна одлука на Апелациониот суд во Скопје, јас сакам да ја реобновам во постапката, да не дадеме третман на градежен објект па да идеме со градежни инспекции поднесени од градот во нови судски постапки како таква ќе влеземе со ново вештачење во оваа извршна постапка, јас очекувам дека ќе се сруши втората галија, јас кажав дека во даден момент ако ги отстраниме сите со раскинување на договорот, граѓаните на Скопје можат да ги чинат трите галии шест милиони евра. Овој начин што го одбравме можеби е малку подолг, но дефинитивно не оди на материјална штета на буџетот на градот и на прати на даночните обврзници на Скопје, рече Шилегов.

Прашан каде ќе оди оваа галија откако ќе се демонтира, градоначалникот на Скопје рече дека галијата нема да ја срушат, туку дека ќе ја демонтираат, а потоа складираат во складовите на Град Скопје. Како што рече, доколку одлучи сопственикот во меѓувреме да ја демонтира и да си ја подигне, тоа е работа што може самиот да си ја избере.

На новинарското прашање дали очекува да се отстранат сите галии до крајот на неговиот мандат, Шилегов појасни оти искрено се надева дека за тоа ќе се создадат услови.

-Искрено велам дека ќе се создадат услови, ама ако не во овој, во другиот мандат ќе ја завршиме работата, рече градоначалникот Шилегов. 

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно