(Фото) Лила Филиповска: „Кој ќе ме трпи“

Македонската водителка Лила Филиповска е една од ретките на јавната сцена која максимално вложува во својот изглед и секако тоа раѓа со плод.

Лила се уште е една од најпопуларните, но и најзгодните водителки во земјава.

Таа секогаш ги следи и најновите модни трендови и често на социјалните мрежи знае да се пофали со новитетите во нејзиниот гардеробер.

Поради динамичниот начин на живот, водителката ретко се храни дома. Но, сега ги изненади своите фанови кога соопшти дека си купила електрично тенџере и дека сама си подготвува храна.

-Се плашам само да не се навлечам на готвење, па после кој ќе ме трпи – се пошегува Лила на своја сметка.

Српските медиуми пишуваат дека исчезнал Дарко Лазиќ, но неговата мајка ги демантираше шпекулациите за синот

Мајката на Дарко Лазиќ, Бранка, објави откако тамошните медиуми напишаа дека пејачот исчезнал и не се пријавил во полиција. Иако речиси сите српски медиуми денес пишуваа дека од него нема ни трага, ни глас и полицијата активно го бара.

– Тоа не е точно. Во моментов не е дома, отиде кај Марина, таа е таму во Печинци со неа, полицијата воопшто не го бараше, не знам за што станува збор. И, исто така, прочитав за автомобилот, не знам за што станува збор воопшто, Ана требаше да го поправи ако автомобилот веќе беше на неа, под нејзино име, што не го поправи ако е сето тоа вистина – шокирана додаде Бранка за порталот „Пинк“.

Да потсетиме, Ана Севиќ доби повик од полицијата со цел да разјасни зошто автомобилот „мерцедес ЦЛК“, кој се вози по неа, има регистарски ознаки од друг автомобил, поточно „југ“.

Конфузијата околу автомобилите и регистарските таблички настанала кога полициските службеници од Звездара во рутинска контрола во ноември минатата година го провериле „мерцедесот“, кој бил паркиран на улица. Бидејќи во тоа време во возилото немало возачи, полицајците ги провериле регистарските таблички и утврдиле дека не припаѓаат на тој автомобил.

– „Мерцедес“ потоа по наредба на полицијата беше пренесен на паркингот во полициската станица. После тоа било утврдено дека сопственик на тој „мерцедес“ е Ана Севиќ – објасни изворот и додаде дека поради тоа била повикана во полиција.

(Фото) Сузана Турунџиева славеше со својата мајка

Македонската пејачка, водителка, писателка Сузана Турунџиева е доста активна на социјалните мрежи, каде постојано објавува фотографии и од своето семејство, но и од дружбите со Атиџе Муратова, хероината од документарниот филм „Медена земја“. Турунџиева е многу заслужна за тоа што Атиџе доби и нова куќа. Тие две станаа неразделни пријателки.

Деновиве во нејзиниот дом имаше нова причина за славење. Тоа беше 80. роденден на нејзината мајка. Турунџиева сподели нејзина фотографија, а во опис напиша емотивна порака:

„Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш…Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго, напиша Турунџиева.

Популарно