Клиниката „Жан Митрев“ ги намали цените: Наместо 12.000 евра, лекувањето од ковид-19 ќе чини 6.000 евра

Клиничката болница „Жан Митрев” соопшти дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од ковид-19.

Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, од сега за пациенти кои ќе се лекуваат на полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6 000 евра, за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8 000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4 000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3 600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот, посочуваат од болницата.

Од болницата информираат дека имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во Ковид центарот во болницата, одобруваат 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови.

– Како што во многу наврати досега сме информирале, нашите капацитети се во континуитет полни и имаме и листа на чекање. Во моментов се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка. За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги. Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на министерот за здравство, стои во соопштението.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно