Холандската полиција спречи напад врз центар за вакцинација во Холандија

Холандската полиција спречи напад врз центарот за вакцинација против коронавирус во градот Ден Хелдер, апсејќи 37-годишен маж под сомнение дека подготвувал терористички напад, соопшти обвинителите.

Мажот наводно имал намера да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да ја саботира вакцинацијата.

Но, нападот во холандскиот крајбрежен град на северот на земјата беше спречен навремено, соопштија обвинителите.

Осомничениот беше приведен на 18 март, но обвинителите објавија детали за случајот дури во четвртокот.

Јавното обвинителство во соопштението рече дека случајот го смета за терористички акт: „Активностите на осомничениот имаа за цел да внесат голем страв кај населението и да ги дестабилизираат економските и социјалните структури на земјата“.

Судијата го продолжи притворот за три месеци. Истрагата продолжува поради можни соучесници.

Во Холандија, во јануари во неколку наврати имаше неколку немири и протести против карантинот заради коронавирусот, како и напади врз центри за тестирање.

Творците на „Спутник В“ за вакцината: „Можно е да штити доживотно“

Шефот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург, се надева дека вакцинацијата со руската вакцина против круната „Спутник В“ (Sputnik V) ќе гарантира доживотен имунитет.

„Се надевам дека вакцината ќе делува не една или две години, туку цел живот. Бев вакциниран двапати, па ете да поживеам пет, десет години, подолго“, рече Гинцбург.

Академикот се пошегувал дека „ќе ги остави своите антитела на неговите потомци во тестамент“.

Според него, во рамките на специјалното тестирање на лица чие ниво на антитела се намалува, се планира повторна вакцинација со цел да се провери колку време е потребно за повторно формирање на потребното ниво на антитела.

„Ако нивните антитела се вратат на нивото што го штитат за два, три, четири дена, тоа значи дека се формирани нивните мемориски клетки, односно по првата вакцинација, нивниот имунолошки одговор е зачуван. Ќе ги спроведуваме тие тестови една година, година и половина“, прецизирал тој.

Во Русија, масовната вакцинација против вирусот корона започнала на 18. јануари. Русите главно се вакцинираат со првата регистрирана вакцина во светот за корона, Спутник В, која досега е одобрена за итна употреба во 59. земји со вкупно население од над 1,5 милијарди луѓе.

Во Венецуела ги обележуваат куќите на заболените од ковид-19

Градоначалникот на градот Сукре, во централниот дел на Венецуела, Луис Дуке, почнал да поставува црвени ознаки за предупредување на куќите на луѓето заболени од коронавирус и се заканил дека ќе ја укине социјалната помош на оние кои го кршат карантинот.

Дуке, претставувајќи ја ознаката во вид на црвен круг прецртан со црвена линија на бела хартија, објаснил дека на тој начин сака да го "заштити народот".

"Овој знак укажува на тоа дека тука има некој заразен со ковид-19 или постои сомнеж дека постои случај на заболување, така што луѓето се предупредени", навел Дуке на видео снимката на Инстаграм.

Тој во изјавата за локалното радио најавил дека бенефициите, како што се помош во храна и гас ќе бидат укинати, ако луѓето не се придржуваат на воведениот карантин поради растот на бројот на случаи на коронавирус, пренесува "Reuters".

Потегот на градоначалникот, кој е член на владејачката Социјалистичка партија на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наишол на обвиненија за дискриминација.

Адвокатот за човекови права Тамара Суху остро реагирала со објава на Твитер.

"Мораме да го осудиме и да му посакаме добро здравје, за да не мора да се означи себе", напишала таа.

Венецуела се соочува со нов пораст на бројот на заразени по пикот во август.

Во текот на претходниот ден во таа земја регистрирани биле 1.525 новозаразени, а починале 15 лица.

Телото на принцот Филип нема да биде изложено, кралското семејство има барање до граѓаните

Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета Втора ги разгледува детали за погребот на починатиот сопруг, принцот Филип, кој ќе биде скромен поради епидемијата на коронавирусот.

Организацијата задолжена за кралскиот протокол соопшти дека погребот нема да биде со државни почести и дека телото на сопругот на кралицата нема да биде изложно за јавноста.

Ковчегот со посмртните останки ќе биде во дворецот Виндзор, пред погребот со капелата Сент Џорџ во согласност со обичаите и желбите на кралицата.

Погребот ќе биде скромен поради корона пандемијата, а воедно кралското семејство побарало од граѓаните да не доаѓаат до капијата на кралската резиденција за да положат цвеќе, туку планираниот паричен износ за тоа да го донираат во некое здружение.

На погребот ќе може да присуствуваат најмногу 30 лица согласно мерките. И самиот принц Филип претходно изјавил дека сака скромен погреб.

Ѕвоната на Вестминстерската катедрала вчера се огласија 99 пати во знак на почит кон принцот кој имаше 99 години. Почесна стрелба е планирана за денеска во целата земја.

Останатите детали и датумот на погребот дополнително ќе бидат соопштени.

Популарно