„McDonald’s“ се враќа во Македонија

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас, дознава Фактор.

Иако постојано се отвораат нови оператори за брза храна, сепак за многумина уживатели на брза храна  „McDonald’s“ е омилено место.

Цените и куповната моќ се едни од главните индикатори за одредена експанзија и влез на одредени брендови. Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.  

Џеј Ло објави снимка во бикини покажа со што располага

Пејачката Џенифер Лопез објави видео на својот Тик Ток профил и крена голема прашина меѓу следбениците.

Имено, латино дивата заводливо тацува во жолти бикини и тоа без грам шминка, а видеото го нарекла „Недела“.

Познатата пејачка собрала над 12.000.000 прегледи, 1.000.000 лајкови и над 30.000 коментари. Главно пристигнувале пофали на сметка на нејзиниот изглед.

@jlo

Sunday...

♬ Astronaut In The Ocean - Masked Wolf

Марјана Станојковска објави фотографија и им го помати умот на мажите

Македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојкоска често објавува фотографии на Инстаграм, а многу од нив се направени за потреби на некој производ кој Маријана го рекламира.

Но како и да е таа секогаш се труди на оригинален начин да го привлече вниманието на купувачите и на своите фанови, па така и овојпат.

Имено Маријана објави фотографијана која таа е во полу лежечка состојба, огледало во студио, а ногата ја крена високо и покажа колку е еластична.

Следеа еден куп коментари и многу лајкови.

Колку заработува Карлеуша од една емисија во „Ѕвездите на Гранд“?

Талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“ веќе со годините опстојува на медиумскиот простор и секоја година е се погледано и погледано, но ваквата популарност можеби сега се должи на низата скандали и членовите на жирито.

Со години наназад се зборува дека членовите на жирито дебело заработуваат за да ги прават овие скандали и дека всушност ништо од она што го гледаме на ТВ екраните не е реално, туку е едно големо шоу во вистинска смисла на зборот. Иако никој не го потврдил ова сепак, во јавноста не престануваат да циркулираат цифрите кои тие ги добиваат како членови на жирито, а тие воопшто не се мали.

Низ сезоните цифрите се менувале, а како што се дознава моменталниот состав има најголеми хонорари од сите досега. Иако висината на хонорарите се држи во тајност, медиумите дошле до информации за истите.

Марија Шерифовиќ заработува околу 3.500 евра по емисија. Додека веднаш после неа е Карлеуша со 5.000 евра, како што истакнува изворот. Така што само од овие емисии Јелена заработила годишно околу 200.000 евра.

Дали овие цифри ги добиваат за нивниот професионален совет или за скандалозните изјави и настани, не знаеме, но тоа не го менува фактот дека шоуто е вистинска машина за пари.

Популарно