Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје слично време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени.

Според УХМР, од утре ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините, врнежите ќе бидат од снег.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според УХМР, утре претпладне се очекува повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Локална облачност со локални врнежи ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток преку ден. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Времето денес ќе биде сончево и потопло со умерена облачност

Времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Времето денес ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд

Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен до засилен ветер од западен правец, освен во вторник кога ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Популарно