Заев: Уште кога ме избраа премиер реков викенд не работам, со возење мотор ги полнам батериите

Премиерот Зоран Заев денес даде одговор на критиките на опозицијата дека два викенди по ред заедно со министерот за здравство Венко Филипче возат мотори во време кога Македонија се соочува со огромни бројки на починати од коронавирусот.

„Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор“, рече Заев.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно