(Фото) На нејзините бујни облини малкумина остануваат рамнодушни

Во последниве години ја поврзуваа со славни мажи, а атрактивната манекенка сега судејќи по многу работи ужива во романсата со бизнисменот.

Австралиската манекенка Тина Луис (40) привлекува внимание со своите бројни тетоважи и неверојатна фигура на тело со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи на кои што ги истакнува своите облини.

Тина Луис кон крајот на месец април била фотографирана на калифорниска плажа каде што уживала во зелено-белото бикини и предизвикувала воздишки кај мажите.

Атрактивната менекенка не ја тргнувала насмевката од своето лице, капејќи се и истакнувајќи ги своите облини.

Инаку, Тина привлекува внимание во јавноста и со својот љубовен живот. Во последниве години за нејзиното име се врзувале три имиња на славни мажи во чие друштво била гледана.

Како што пренесуваат странските медиуми, манекенката моментално е во врска со американскиот бизнисмен Брет Опенхеим (44) кој што е познат по емисијата „Selling Sunset“ за продажба на недвижности. Парот неодамна бил фотографиран во текот на една нивна прошетка во Калифорнија.

Инаку, Тина во март била забележана на вечера со мистериозен маж во еден ресторан и тогаш уште еднаш ја заинтригирала јавноста поради тоа што тоа бил четврти маж од месец мај минатата година со кој што ја поврзувале, но прв кој што бил непознат.

Да ве потсетиме, манекенката претходно беше во романса со 16 години постариот пејач Гавин Росдејл, инаку поранешен сопруг на пејачката Гвен Стефани кој што сопругата ја изневерувал со дадилка. Исто така се шпекулирало дека Тина го љуби и осум години постариот Брајан Остин Грин (47).

Со него била фотографирана во Лос Анџелес и многумина помислиле дека по нивното појавување во јавноста нивната врска е сериозна и дека актерот конечно ја заборавил поранешната сопруга Меган Фокс.

Но, веќе во октомври минатата година Тина била фотографирана на плажа во Малибу со раперот Паф Диди (51), а изгледале среќно и заљубено.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

ФОТО: Македонката Стефани е најзгодната полицајка во земјава

Атрактивната Стефани Стојчевска е една од најзгодните полицајки во нашата земја.

Стефани, како што објави „Слободен печат“, веќе неколку години е полициски службеник и се грижи за безбедноста на сите нас. На социјалните мрежи често објавува своите провокативни фотографии.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💋

A post shared by Stefani Stojcevska (@stefanistojcevska) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Wild and free...just like the sea! 🌊😁

A post shared by Stefani Stojcevska (@stefanistojcevska) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Vamos a La Playa ! 🏖😎🧜🏻‍♀️

A post shared by Stefani Stojcevska (@stefanistojcevska) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Keep walking...to your paradise ! 🏖💋

A post shared by Stefani Stojcevska (@stefanistojcevska) on

Популарно