Глумел дека е на боледување, па наместо да седи дома шетал по кафулиња

Бидејќи глумел дека е на боледување и наместо да седи дома одел по кафулиња, жител на место во близина на Линц, Австрија, треба да му плати на работодавачот околу 8.000 евра.

Имено, работодавачот, бидејќи му било сомнително дека неговиот вработен често бил на боледување, ангажирал детективи да го следат.

Веќе на првиот ден од надзорот, детективите го виделе 20-годишникот дека наместо да лежи болен дома, пошол во кафуле со пријатели и се вратил во својот дом во раните утрински часови.

За да бидат сигурни, детективите го следеле уште два дена и откриле дека тој излегувал и во тие денови.

Поради ова откритие, момчето добило отказ, а покрај тоа, неговиот работодавач го тужи за надомест на трошоците за ангажирање на детектив во износ од 7.983 евра.

Случајот стигнал до Високиот суд, кој дошол до заклучок дека работодавачот има право да бара надомест на трошоците.

Како образложение, правните експерти наведуваат дека работодавачот има право на надомест на штета бидејќи работникот дал причина за сомнеж поради бројните отсуства од работа.

(ВИДЕО) Новинарот не можел да се воздржи кога слушнал како се смее неговиот соговорник

Новинар од една странска телевизија немал поим што ќе го дочека кога ќе се сретне со фармерот Гинус.

Иако ниеден новинар не сака да се насмее за време на пренос во живо, сериозниот прилог станал невозможна мисија кога Гинус започнал да се смее.

Погледнете ја урнебесната снимка:

ВИДЕО: Му купиле мотор, па решил да го проба во дневната соба

Дури ниту кралот не вози мотор дома! Наместо зборот “Крал”, ставете било кој друг збор, кој би одговарал на овој “возач”. Еве зошто...

Видеото се снимено во Америка. Не знаеме дали од возбуда или невнимание, но ова момче, сакало што побрзо да ја испроба својата нова играчка. Проблемот е во тоа што седнал на сериозна и силна машина.

Она што привлекува внимание е неговото удирање во прозорите на дневната соба.

Треба да си барем малку приземен за да не ја направиш оваа глупост, зарем не?

Популарно