Тринаесет дрвја се исечени на улицата „Орце Николов“ во Скопје

13 дрва се исечени долж улицата Орце Николов во Дебар Маало. Градоначалникот на Центар,  Богдановиќ вели дрвјата биле стари и на нивно место ќе се засаделе нови садници. 

Пред неколку дена багери – денеска и моторни пили „заиграа“ на улица Орце Николов.

Од јаворите кои ја красеа оваа улица останаа само трупови. Нa некои, пак, им се кратеа единствено гранките кои пречат. Околните жители од своите балкони набљудуваа како го снемува зеленилото.

„Екипите на „Паркови и зеленило“ треба да отстранат 13 дрвја на оваа улица и тоа на потегот од крстосницата со Рузвелтова до крстосницата со Ленинова.“

На „Фејсбук“ врие од негодувања. Велат дека се сечат здрави дрвја. Го потсетуваат градоначалникот Богдановиќ дека дал ветување да не се исече ниту едно дрво при реконструкцијата на улицата.

Од ДОМ бараат веднаш да престане дрвосечата.

„Зошто е направен овој „масакар“ врз дрворедот? Да не забораваме дека на вака „зацементиран“ град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина.“

Богдановиќ тврди дека од Град Скопје излегле на терен и констатирале дека дрвјата се стари и болни. Добивале и поплаки дека често паѓаат суви гранки па се опасност за минувачите и паркираните автомобили.

„Кога се збори со граѓаните, најголемиот дел од нив односно сите се против отстранување на дрва, што е многу нормално. Ама кога станува збор за болни дрва кои што можат да предизвикаат било каков инцидент или не дај боже повреда – тогаш треба да бидат отстранети. Затоа имало решение.

Тринаесетте јавори ќе бидат заменети со нови дрвја од истиот вид. Дополнително, откако ќе заврши реконструкцијата - паркингот на улицата ќе биде само за резидентите.

Видеото погледнете го на kanal5.com.mk

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно