ВИДЕО: Гратче во Германија изчезна под вода

Апокалиптични сцени од Германија го шокираа светот. Најмалку 42 лица загинаа, најмалку 70 се водат за исчезнати, а илјадници беа евакуирани од своите домови. Околу 200.000 луѓе во Германија останаа без електрична енергија, пишува Би-Би-Си. Поплавите се случија кога бесните реки ги скршија своите корита по обилните врнежи од дожд во последните два дена.

Двајца пожарникари и двајца полицајци се удавија за време на поплавите, а властите ја мобилизираа армијата. Околу 500 војници се распоредени за да им помогнат на жителите на двете најтешко погодени провинции, соопшти во четвртокот германското Министерство за одбрана, објави Би-Би-Си.

- Во моментот, противпожарната единица и армијата ги чистат нашите патишта и подруми, но енергетските трансформатори се сериозно оштетени, така што нема да имаме електрична енергија до 14 дена ... - вели еден од локалните жители.

- Околината на местото беше уште повеќе уништена, како и околните фабрики беа тотално уништени и беше прогласена природна катастрофа во градот и целото градско подрачје - додаде тој.

Властите во Рајнска област-Пфалц, една од двете германски покраини погодени од поплавите, ја објавија оваа фотографија направена вчера, покажувајќи ја големината на поплавата во селото Алтенбург.

Белгискиот град Лиеж ги повика жителите да го напуштат градот. Во Лиеж, кој лежи на реката Меус, се очекува натамошен пораст на водостојот до метар и половина. Затоа, градските власти ги повикаа сите што се таму заради деловна активност или од други причини да го напуштат градот, а жителите да се качат на повисоките катови. Според белгиските медиуми, толку висок водостој на реката Меуз не е забележан од 1926 година. Ситуацијата е критична низ цела Валонија, особено во градовите што лежат на реката Меуз и нејзините притоки.

Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, еден од најпогодените делови на Германија, рече дека многу луѓе се уште се во опасност. Училиштата се затворени, а патиштата на западот на земјата блокирани.

Вонредна состојба е прогласена во областа Шулд беј Аденау, во планинскиот регион Ајфел на границата со Белгија и Луксембург, пренесуваат германските медиуми. Бројни делови на Западна Германија сè уште се отсечени од остатокот од светот по силното невреме и обилните врнежи од дожд во средата вечерта.

Мала Дрејер, премиер на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, поплавата ја опиша како катастрофа.

- Има мртви, исчезнати, а многу луѓе сè уште се во опасност. Сите наши служби за итни случаи работат дење и ноќе и го ризикуваат сопствениот живот. Сочувство до жртвите на овој хорор - рече таа.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Јато делфини формирале заштитен прстен и спасиле капач од голема бела ајкула: „Никогаш нема да го заборавам ова пливање“

Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.

Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.

„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.

„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.

Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.

Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Популарно