Без струја утре делови од Центар и Сарај

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Сарај.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од дел улицата „Ацо Караманов“ броевите: 16 и 20 во општината Центар, а во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од дел на улиците „Лазар Личеновски“, „Скупи“, „Самоилова“, бул. „Никола Карев“ и други околни улици.

Во периодот од 8 до 14 часот, пак, струја ќе немаат корисниците од селото Крушопек, објектите околу базенот „Сарај“ и општината Сарај.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно