Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда

Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид  што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.

Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат  ноќни клубови, дискотеки и  внатрешност на угостителските објекти.

Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на Ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.

Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во чешатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон.Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно