Влада на Косово: Повредените во сообраќајката во Хрватска вечерва ќе стигнат во Приштина

Повредените во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод вечерва ќе пристигнат со авион во Косово, соопшти Владата на Косово.

Во соопштението се наведува дека тие ќе пристигнат на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ околу 22 часот.

Исто така, се посочува дека Министерството за надворешни работи на Косово е во постојан контакт со семејствата на жртвите и дека утре телата на осум од 10 жртви ќе бидат пренесени на Косово.

„Владата на Косово, со сите свои институции и капацитети, работи напорно за да обезбеди соодветна грижа и третман на нашите сонародници повредени во Хрватска. Косовските институции, во координација со хрватските институции, организираа враќање на нашите сограѓани на Косово, чии здравје е стабилно“, се вели во соопштението.

Го создаде Џеј Рамадановски и му го спасила животот: Замина во недела, како и пејачот на кого му ја напиша најтажната балада

Текстописецот Марина Туцаковиќ почина вчера по тешката болест на 68 годишна возраст. Таа си замина во недела, исто како и Џеј Рамадановски на кого му ја направи кариерата онаква каква што ја имаше.

-Да му го спасив животот. Тоа беше за него американски сон, рече Марина во една прилика во емисијата „Што сум на тебе и кој сум за себе“.

Таа тогаш го опиша и нивното прво запознавање.

-Фута и јас почнавме сериозно да се занимаваме со оваа работа во тогашна Југославија. И ни доаѓаше едно момче кое ни продаваше облека и ни рече: „Имам едно момче, кога одиме во кафеана кога ќе се фати за микрофонот, сите паѓаат“. И така пројде некое време, редовно ни говореа дека знаат такво момче и други луѓе. Ни дојде нас Џеј, енергијата веднаш се осети, јас гледам едно мало… тој пее и забавна музика, игра, талент од Бога. Ние се воодушевивме и почнавме да работиме за него, раскажа тогаш Марина.

Таа додава и дека Џеј потоа паднал во лошо друштво, но потоа се опоравил, раскажува и дека се што постигнал тој во животот е заслуга на неа.

Марина Туцаковиќ ја има напишано и неговиот најголем хит „Недела“ со кој е и погребан.

(Видео) Бјелогрлиќ пуштен од Полициска станица

Актерот Драган Бјелогрлиќ е пуштен од Полициската станица во Ниш по приведувањето поради насилно однесување.

 Познатиот актер бил повикан во полиција под сомнение дека утрово околу 4 часот во хотелот Амбасадор го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати по главата.

„Утре е сослушувањето на Бјелогрлиќ и сведоците, така што ќе се знаат повеќе детали“, рече адвокатот на Бјелогрлиќ, Милан Петровиќ, пренесува Блиц.

На прашањето како се чувствува Драган, адвокатот Петровиќ рече: „Добро“, а на прашањето дали ја презентирал својата одбрана, адвокатот изјавил: „Не, не“.

Уапсен Драган Бјелогрлиќ

Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека рано утринава околу 4 часот во хотел во Ниш зад грб го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ и го удрил повеќе пати во пределот на главата.

-Бјелогрлиќ се залета и го удри во глава Антонијевиќ, тврди извор за „Блиц.рс“.

Антонијевиќ на лицето имал видливи повреди, а според „Блиц“, Бјелогрлиќ е во полиција каде треба да даде изјава за настанот.

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека на почеток од 2016 година му нудел мито за да поддржи еден филм. Режисерот ја објавил преписката со актерот од 2016 година во која се вели дека „би можело да се заработи и 100.000“, а во мејлот се гледа дека Антонијевиќ категорично одбил.

 Бјелогрлиќ ги демантираше овие наводи тврдејќи дека преписката е лажирана.

Популарно