(Фото) Одличен трик за смукање на автомобили и рерни

Чистењето на рерната за многумина задава главоболка, а посебни трошките на ивиците и тешко достапните места кои некогаш е тешко да се дофатат.

Една членка на Фејсбук групата Mums Who Clean открила генијален трик со чија помош ќе успеете да исчистите тврдоглави трошки, а илјада корисници го испробале овој трик.

За трикот ви се потребни цевка и поклопувач за чаша од ресторан за брза храна на кој ќе го поставите продолжетокот од смукалката.

„Откако со години не успевав да ги исчистам трошките од печката го открив ова решение“, напишала во опис на фотографијата жената. Членовите на групата се воодушевиле.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно