Гори во Пржино - три противпожарни возила излезени на терен

Црн чад се крева високо кон облаците во близина на последна 16-ка во Пржино.

Засега нема детали што гори и како избувнал пожарот, но три противпожарни возила веќе се на терен и работат на гасење на пожарот.

Изменет сообраќаен режим во Скопје на 22.09.2021 (среда)

На 22.09.2021 (среда) со почеток од 11.00 часот, во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).

Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11.00 часот до завршување на настанот ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје  апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

(Фото) Силниот дожд ја потопи Кисела Вода

Обилните врнежи од дожд кои претпаднево го зафатија Скопје, предизивикаа поплавување во одредени


На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од Кисела Вода на кои се гледа дека улиците се претворени во реки по врнежите.

Повеќе погледнете во продолжение.

Популарно