Уапсен Драган Бјелогрлиќ

Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека рано утринава околу 4 часот во хотел во Ниш зад грб го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ и го удрил повеќе пати во пределот на главата.

-Бјелогрлиќ се залета и го удри во глава Антонијевиќ, тврди извор за „Блиц.рс“.

Антонијевиќ на лицето имал видливи повреди, а според „Блиц“, Бјелогрлиќ е во полиција каде треба да даде изјава за настанот.

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека на почеток од 2016 година му нудел мито за да поддржи еден филм. Режисерот ја објавил преписката со актерот од 2016 година во која се вели дека „би можело да се заработи и 100.000“, а во мејлот се гледа дека Антонијевиќ категорично одбил.

 Бјелогрлиќ ги демантираше овие наводи тврдејќи дека преписката е лажирана.

Kосово: Едно лице тешко повредено во судирите, лекарите се борат за неговиот живот

Еден човек е тешко повреден на северот на Косово, неговиот живот е загрозен и во тек е операција во болницата во Косовска Митровица, потврди за Н1 др. Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

Станува збор за прострелна рана во грбот. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека ранетото лице е 36-годишниот Сречко Софронијевиќ, а десетици Срби се ранети наутро на северот на Косово.

Петковиќ на прес -конференција во Белград рече дека лекарите во КБЦ Косовска Митровица во моментов се борат за животот на Софронијевиќ.

– Пред докторот да влезе во хируршката соба, слушнав од директорот на болницата кој ми рече дека е ранет во пределот на градниот кош и дека првото нешто што ќе се обидат да го направат сега е да го отстранат куршумот што му беше заглавен во белите дробови, рече Петковиќ.

Брачна двојка загина кога шлепер преполови автомобил „југо“ во близина на Ниш

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11 часот на патот Ниш-Дољевац, јавуваат српските медиуми.

Како што објавуваат локалните медиуми, тешката несреќа се случила на влезот на Малошиште кај Дољевац, а животот го загубила постара брачна двојка.

Во судирот учествувал шлепер од марката „Сканија“ и автиомобил „Југо“, во кој биле двете починати лица. Мажот починал на лице место, а жената на пат кон болница. Во обидот за спасување, покрај лица од брзата помош, учествувале и пожарникари.

– Нешто страшно пукна кога се случи судирот. Мислевме дека резервоарот експлодира. Се обидовме и ние и луѓе кои застанаа да помогнат, но немаше спас, велат од блиската бензинска пумпа.

Стакло, делови од возилото беа расфрлани на патот на влезот во Малошиште, каде сообраќајот беше запрен поради сообраќајната несреќа.

Србин со сериозни закани брка мигранти од автобус: Сите треба да ве убијат

На социјалните мрежи се шири страшно видео, во кое се слуша како еден патник во автобусот им вели на другите патници, мигранти, „дека треба да бидат убиени“ и дека заслужуваат куршум во главата. 

Со години граѓаните на Србија се огорчени поради проблемот со мигрантите, кои на пат кон Западна Европа, треба да минат низ нивната земја и некое време таму да престојат.  

Дискриминацијата е присутна насекаде, не само на Балканот и Европа, туку и во светот, а јасно е дека многу малку е направено за да се реши ова прашање. Како што пишува Нова.рс, некои Срби очигледно не слушнале за солидарност и емпатија, па знаат само да ги насочат своите ограничувања и стравови со навреди и закани кон другите, што го покажува најновото видео од социјалните мрежи.  

Видеото, кое се шири на Твитер, прикажува страшни сцени од еден меѓуградски автобус во Србија, во кој патник со сериозни закани ги протерува мигрантите од автобусот.  

„Надвор, надвор, надвор. Ајде, Раус, марширај. „Добитокот надвор“, извика човекот, додека мигрантите излегуваа од автобусот еден по еден во колона.  

Залудно прашаа „што направивме“, бидејќи тоа навистина не се гледа на видеото, но наместо да одговор, добија уште пострашна порака. 

„М70 и куршум во главата. Сите треба да ве убијат. Ќе научиш српски само кога ќе те застрелам во таа црна глава “, продолжи патникот, кој во меѓувреме доби поддршка од возачот дека е во право.

Популарно