Бројката на загинати лица во Тетово е страшна

Над 13 жртви има во големиот пожар кој ја зафати тетовската модуларна ковид болница, неофицијално дознава Press24. 

Информацијата дека има жртви ја потврди и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакаше да изнесува бројки. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките. 

Тој потенцираше дека пожарот бил пријавен во 21:00 часот, за половина час целосно го ставиле под контрола и покрај тоа што објектот бил цел изграден од пластика и огнот многу брзо се ширел. До 21:45 целосно го изгаснале пожарот.

Македонски работник несреќно го загуби животот во Италија

Македонски работник го загуби животот при несреќа на градилиште во северниот дел на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, станува збор за Назиф Ајдаровски, а обивнителството во Тревизо го истражува случајот, пренесуваат италијанските медиуми.

Обвинителката Даниела Брунети нареди да се изврши обдукција на телото на загинатиот 48 годишен македонски работник за да се открие причината. Во меѓувреме одговорните лица се на распит во полиција и отворена е истрага за убиство без умисла. Според првичната реконструкција, метален панел од висина од два метри се срушил врз работникот, при што 48 годишниот Ајдаровски се удрил со главата во контејнер и починал на лице место.

– Во болка ја остава сопругата Рукије Ајдароска и неговите три деца на возраст од 19, 17 и 10 години. 48-годишникот секогаш работел во градежниот сектор, објавуваат италијанските медиуми.

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва во центарот на Скопје

На аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје, се случи страшна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај Соборен храм. Судрени се повеќе возила на раскрсницата помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата е удрено и во споменикот на свети Климент Охридски.

Во моментов на терен е полицијата која го регулира сообраќанот, но има и возило на брзата помош. Според информациите од медицинскиот тим повредено е 20-годишно момче.

Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.

Станува збор за судар на возила при што едното има видно оштетување во предниот дел. Поради врнежливото време, улиците низ градот се лизгави и на возачите, градските служби им препорачуваат внимателно возење.

На само 38 години почина Јулија Партенко

Ракометниот свет е потресен од уште една лоша вест откако уште рано утрово дојде информација за смрт на поранешна репрезентативка на Македонија.

Синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ (порано Партенко) која во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и Вардар, објави порталот 24 Ракомет.

Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо после тоа успеа да се најде и во репрезентацијата на Македонија. Шест години го носеше дресот на ѓорчепетровки, а потоа замина во Ускудар.

Играше и во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.

Кариерата ја заврши во Вардар две години подоцна, а со Македонија беше дел и од големите натпреварувања. Важеше за голем борец на теренот.

Во последните шест години беше надвор од ракометот.

Популарно