(Фото) Ќерката на српската актерка е вистинска убавица

Српската актерка Снежана Савиќ од бракот со режисерот Драгослав Лазиќ ја има ќерката Анита Лазиќ, која од мајката, покрај актерскиот талент, ја наследила и убавината.

Иако не зборува за приватниот живот јавно, познатата актерка Снежана Савиќ зад себе има брак со режисерот Драгослав Лазиќ, со кој во 1980 година ја добила ќерката Анита.

Таа чекорела по стапките на мајка си извесно време, но сепак одлучила да се проба во светот на новинарството, па едно време работела како водителка, а сега е уредник на еден магазин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anita Lazic (@anitalazic)

Српскиот актер Андрија Милошевиќ започнува ново подглавје од својот живот

Честитките за познатиот српски актер Андрија Милошевиќ доаѓаат од сите страни, а има и зошто. Актерот ќе стане татко, го очекуваат своето прво бебе, заедно со неговата понежна половина Александра Томиќ.

Сите им честитаат за прекрасните новости.

„Кога дознаа дека ќе станат родители, Андрија и Сандра скокаа од радост. Тоа беше нивна голема желба, која сега им се исполни. Многумина веќе предвидуваат дека ќе бидат грижливи родители, а тоа може да се види кога си играат со децата на нивните пријатели. Сандра одлучи да се повлече од театарот за да се посвети на бременоста. Среќната вест им ја кажаа само на најблиските“ – изјавил извор близок на парот, за весникот „Блиц“.

(Видео) Новата девојка на Петар Грашо била главна ѕвезда во спот на неговата тогашна партнерка

Ќерката на познатиот музичар неодамна го освоила срцето на атрактивниот пејач, а сега испливал еден интересен податок. Хана Хуљиќ (31), ќерката на Тончи Хуљиќ (59), во врска е со Петар Грашо (46), пишуваат хрватските медиуми.

Како што пренесуваат тие, Данијела Мартиновиќ (50), некогашната членка на групата „Магазин“, со која Грашо бил во вонбрачна заедница 24 години, уште ја следи Хана на Инстаграм, но не и својот поранешен партнер.

Со оглед дека Данијела соработувала со нејзините родители и се дружела со нив со децении, ја гледала и Хана како расте, сега фановите се сетиле дека тие и соработувале пред многу години. Имено, тогаш 3-годишната Хана се појавила во спотот на групата „Магазин“ за песната „Дојде време“

Таа најпрвин на телевизија го гледа настапот на Данијела и се смешка, а потоа пејачката се појавува во просторијата и ја носи некаде, насмеана и разгалена.

Петар Грашо и Данијела заедно поминале речиси две и пол децении, а живееле во луксузен пентахус во Загреб, во кој моментално живее само пејачката. Пејачот наводно е во врска со Хана неколку месеци, а видени се заедно во Загреб и Сплит.

Цеца по 30 години во Белград призна дека би се вратила на село

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ призна дека со задоволство би ги спакувала куферите и би се вратила да живее на село. Пејачката која е со потекло од Житораже вели дека и се смачило од Белград каде живее 32 години.

-Сакам да се вратам на село, но обврските не ми дозволуваат, се гушам од смогот во Белград, но трпам, вели Цеца и додава дека нејзиниот син Вељко го сака селскиот живот, па затоа решил да живее на село во Тител.

Таа додава дека тој уште како дете го сакал селото, бидејќи таква средина му влевала мир и затоа изгради свое царство далеку од градот.

-За разлика од Вељко, на Анастасија и одговара градот, работи на некој нови песни, а истото го правам и јас, па очекувам наскоро да започнам да снимам, вели Цеца.

Популарно