Изгоре жива спасувајќи ја мајка си

На социјалните мрежи е објавена фотографија од млада девојка, чиј идентитет засега не е познат, а за која се тврди дека изгорела жива во пожарот во тетовската модуларна болница во обид да ја спаси својата мајка.

-Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев! Одговорност мора да има, се вели во објавата на Фејсбук.

Во одводен канал пронајдено телото на кочанчанецот по кој се трагаше

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по којшто се трагаше четири дена.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приваено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се одалечил на 14 септември.

По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредната на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Европската кошарка денеска е завиена во црно откако од Србија пристина информацијата за смртта на Душан Дуда Ивковиќ. Прославениот српски стратег починал рано утрово во болница во Белград, по што од него преку социјалните мрежи се простуваат бројни кошаркарски легенди.

„За жал, останавме без Дуда Ивковиќ. Тој почина во 6:50 часот наутро во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови, изјави кратко Горан Калиниќ, првиот човек на Раднички, матичниот клуб на Душан Ивковиќ.

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и важи за еден од најуспешните европски и светски тренери. Тој ја водеше Југославија на три европки првенства и освои три златни медали, во Загреб 1989, во Рим 1991 и во Атина во 1995 година. Како клупски тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Тој освои две титули во Евролигата, од кои една со тимот на Олимпијакос, додека за овој тим настапуваше Перо Антиќ.

Популарно