(Видео) Ливерпул фантастично го најави дуелот со Милан за првиот историски дуел на „Енфилд“

Ливерпул вечерва ќе го пречека Милан на „Енфилд Роуд“ за прв пат во својата историја во Лигата на шампиони. Овие два гиганти досега играа меѓусебе во финалињата од елитата во 2005 и 2007 година. 


 „Црвените“ на своите социјални мрежи објавија прекрасно видео за најава на натпреварот, што вечерва ќе биде во центарот на вниманието. 
 

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија

Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари.

– Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот. Кога одевме во некој локал, тој ќе го ставеше пехарот на масата и потоа се пиеше. Панчев ќе дојдеше и ќе речеше: Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба и Биниќ му го даваше да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен, изјави актуелниот тренер на италијанскиот прволигаш Болоња за Јутјуб каналот на Црвена ѕвезда.

Белградска Црвена ѕвезда стана европски шампион со победата над Олимпик Марсеј во Бари со решавачкиот гол во пенал серијата на Дарко Панчев.


ПЕРО АНТИЌ СЕ ЗБОГУВА СО ДУДА

Кошаркарска Европа денеска се збогува со легендарниот тренер, Душан Ивковиќ. Еден од најдобрите стратези на сите времиња почина во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови.

Дуда предводеше многу тимови и освои бројни титули. Тој беше тренер на Перо Антиќ во Олимпијакос, двајцата ја освоија титулата во Евролига. Имаа одлична соработка и останаа во комуникација и по разделбата во Олимпијакос.

Ивковиќ беше гостин во Скопје во првиот мандат на Атниќ како претседател на КФСМ, беше дел од тренерската клиника.

Денеска и Антиќ се збогува со Дуда преку социјалните мрежи.

ПОЧИНА ВЕЛИКАНОТ НА СВЕТСКАТА КОШАРКА - ДУШАН „ДУДА“ ИВКОВИЌ!

Тажна вест за светската, европската, југословенската кошарка. Денеска, во 78. година од животот, од последици на појава на вода во белите дробови и херпес, во болница во Белград, почина великанот на кошаркарската игра, Душан „Дуда“ Ивковиќ.

Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29. октомври, 1943 година, Беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња.

Секако, најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските шампионати на кои освојуваше медали во Загреб (1989), Рим (1991) Атина (1995 година).

Беше селектор и на репрезентацијата на Србија од 2008 до 2013 година, за тоа време го освои среброто на ЕП и беше четвртти на Светскиот шампионат во 2010 година.

Тренерската кариера ја заврши во 2016 година, го водеше ревијалниот меч во знак на простување против Олимпијакос на 20 септември, 2017 година.

Како кошаркар, играше на позицијата на бек, а како требер го водеше белградски Партизан, Арис, Раднички од Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, каде заедно со претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ, ја освои Евролигата, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва, и Анадолу Ефес.

Со репрезентацијата освои три европски злата и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимпските игри и злато на Универзијадата.

На клупско ниво, Евролигата ја освои во два наврати, беше победник и на Купот „Радивој Корач“, Купот „Рајмондо Сапорта“, УЛЕБ купот. Со своите клубови беше првак на Југославија, Грција и Русија. Во овие земји го освојуваше Купот и Суперкупот.

Нека му е вечна слава!

Популарно