Заев: Одлуките кој да биде директор се политички, но стручноста е основен услов

Политичка е одлуката кој ќе биде директор на здравствените установи, како и за сите други институции, но во основа, условот за избор е сепак експертизата и стручноста, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, лекарите можат да придонесат многу и со својот општествен ангажман, не само професиоанален. Затоа голем број од нив се на директорски позиции. Повеќето се поставуваат како вршители на должност заради транспарентните постапки, но потоа се дава можност на компетативна основа да се јавуваат сите.

Како што рече Заев, повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економсити.

-Политички се поставуваат најголемиот дел од директорите и на здравстените институции зашто политичката одговорност граѓаните ја пренесуваат на политичарите и политичките партии и тие ја преземаат преку свои политичко-поставени раководни структури. Друго е што голем дел од директорите на здравстените институции се поставени на ексепртска база. Но, политичка е одлуката да биде тој, а не другиот, зашто веруваме дека правото да управуваме со институциите доаѓа со одговорноста на институциите. Наша желба е пред се лекари да ги водат здравстените институции и затоа најголем дел од директорите се лекари, иако има и економисти, објасни Заев.

Тој додаде и дека она што го зборуваме во суперлатив за нашите лекари важи и во делот на нивниот општествен ангажман, не само професиоанален. Тие се застапени во кандидатуртите за градоначалници, советници, пратеници, високи носители на извршната власт, па и на директорските позиции зашто имаат знаење, квалитет, општествено се одговорни и многу може да придонесат за системот на државата. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно