Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Денес времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд

Денес времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Времето во земјава ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд

Времето во земјава ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а дневните од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 13 степени.

Популарно