СЗПМ одбележа 75 години од основањето: Во изминатиот период постигната подобра здравствена заштита и зголемена соработка со локалната власт

Благосостојбата и сигурноста на пензионерите во земјава се приоритет за Владата и за Министерството со кое таа раководи, истакна министерката за труд и социјална политика во своето обраќање по повод одбележувањето 75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери.

-Во моментов во земјава има 324 илјади пензионери граѓани кои по придонесот за државата низ текот на својот работен век заслужуваат да имаат мирни и спокојни пензионериски денови и затоа грижата за нив е врвен приоритет за Владата, благодарение на вас и вашата пожртвуваност, денеска Република Македонија е самостојна, просперитетна држава, членка на НАТО, меѓутоа и земја која храбро чекори на својот европски пат, порача Шахпаска.

Додаде дека пензискиот фонд и покрај пандемиската и економската криза предизвикана од коронавирусот е во стабилна состојба. А, пензиите, како и досега ќе продолжат со тековна редовна и навремена исплата.

На манифестацијата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, тој порача дека пензискиот фонд е стабилен, со што пензиите ќе течат редовно и ќе растат согласно законот и најави дека до крајот на годината ќе се промени системот и методологијата за усогласувањето на пресметката на пензиите.

– Со тоа ќе го исполниме најголемото барање на сите наши пензионери, а тоа е да се вгради и критериумот раст на просечната плата, покрај растот на трошоците на живот, изјави Заев.

Со тоа, посочи тој, ќе имаме можност да направиме дисперзија и да гарантираме сигурен раст на пензиите и да се усогласиме со многу европски прогресивни земји.

Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија истакнаа задоволство од постигнатите резултати, како што се заштитата на стекнатите права од пензискито и инавлидиско осигурување, подобрата здравствена заштита преку ослободување од партиципација за болничко лекување на пензионерите со пониски примања и зголемена соработка со локалната власт, како и широкото поле на соработка со црвениот крст.

-Посебно се импресивни резултатите во јубилејната 2021 година за кои ќе се потрудиме да не се заборават. Не може и не треба да се заборави дека Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија со одлука на Влада оваа година во месец јули, доби простори и цел спрат на трајно користење со што се создадоа подобри услови за работа во време кога Сојузот, заклучи Станка Трајкова, претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Од Сојузот сметаат дека Владата покажала сериозен однос кон пензионерите. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно