Дополнителната акциза за дизелот повторно на нула

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.

РКЕ во денешната одлука врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,25% во однос на Одлуката од 13.9.2021 година.

„Кај крајната цена на дизелот има намалување како последица на анулирање на дополнителната акциза за дизелот од 2 на 0 денари за литар. Во првите две недели од месецот заклучно со 15 септември регистриран е раст на берзанската цена на дизелската фракција која служи како основа за пресметка на малопродажната цена на дизелот. Растот на берзата е поголем од 600 USD/ton, со што се исполнува условот да не се пресметува дополнителната акциза кај дизел горивото. Ние ги доставивме овие податоци до Министерството за финансии и Царинската управа, што всушност ни е законска обврска  два пати во месецот да ги информираме за движење на берзанските цени на нафтените деривати за да знаат дали се пресметува дополнителната акциза или не.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од 21.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС - 95​​​   73,00 ​ (денари/литар)

Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС -98​​​ 75,00​ (денари/литар)

Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​​  62,00 ​ (денари/литар)

Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​  64,00​ (денари/литар)

Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​  39,181​ (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,160%, дизелот зголемување за 3,228%, кај екстра лесното масло за 3,131% и кај мазутот има зголемување за 1,992%.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно