Денес се регистрирани 154 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи

на КОВИД-19: 

• Скопје – 118

• Куманово – 12

• Кавадарци – 5

• Прилеп и Битола – по 3

• Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2

• Струмица, Виница и Кратово – по 1

Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г  и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: 

• Скопје – 179

• Тетово – 23

• Куманово – 22

• Струмица – 19

• Штип – 17

• Кавадарци – 15

• Кичево – 14

• Прилеп и Велес – по 12

• Кочани и Дебар – по 11

• Радовиш и Берово – по 9

• Битола и Ресен – по 7

• Свети Николе – 6

• Кратово и Гостивар – по 5

• Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4

• Неготино и Делчево – по 3

• Пехчево – 2

• Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно