(Видео) Американската амбасадорка Кејт Брнз прави ајвар

Сезона на ајвар во резиденцијата на нашата амбасадорка со специјалниот “Ред Дог“ ајвар. „Кои се вашите омилени традиции за храна?“-  Се вели во Фејсбук статусот на Американската абмасада во Скопје.

Во видеото е прикажано како американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз прави македонско традиционално јадење.

(Фото) Актерот веќе 3 години одбива да ја запознае својата ќерка

Поранешната девојка на Овен Вилсон го обвинила актерот дека никогаш не сакал да ја запознае нивната 3-годишна ќерка.

Како што пишува „Daily Mail“, Вилсон никогаш не остварил никаков контакт со својата ќерка, додека со синовите Роберт и Фин кој ги добил со две различни жени, има нормален однос.

„За жал, никогаш не ја запозна“, потврдила Варуни Вонгсвиратс, поранешната девојка на Овен, а претходно истакнала дека го преколнувала да го стори тоа, меѓутоа актерот одбивал.

„Помага финансиски, но никогаш не стануваше збор само за тоа. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е како во филмовите глуми улоги на грижлив татко, а никогаш не ја сретнал сопствената ќерка“, заклучила Варуни.

За потсетување, Варуни и Овен беа 5 години во врска, а актерот во 2018 година направил тест за татковство кој потврдил дека тој е биолошкиот татко на малата Лајла.

(Видео) Девојка покажала трик за зголемување на усните без филери

„Што се однесува до карминот за усни, најважна работа не е нијансата, туку да ја прифатите од Бога дадена вистината каде ви завршуваат усните“ е познатата реченица на Џери Сајнфелд.

Ако мислите дека е претерано, само погледнете го туторијалот на тиктокерката Мери Шерб, самопрогласена 'директорка за носечка шминка'.

Прво со креон исцртала многу поголеми усни од оние кои природата ѝ ги дала, а потоа го поплнила подрачјето на лицето (повторно, тешко е тоа да се нарече усни) со црвен кармин. Во насловот на видеото, таа посочува дека овој вид шминка ги зголемува усните и без филери.

Но, коментаторите брзо истакнале дека страничен поглед би можел да разоткрие колку шминката е предимензионирана во однос на нејзините усни.

„Ајде сега заврти ја главата“, „Ова би требало да биде илегално“, се дел од коментарите на згрозените фанови.

Имало и такви кои ѝ рекле дека треба да го прифати своето лице онакво какво што е. „Ова едноставно е тажно. Половина кармин ти е на лицето“, гласи еден коментар.

Други се прашувале колку е практичен тој мејкап. „Сето тоа е убаво и добро, додека не почнеш да се потиш, да јадеш или пиеш“.

Но, колку тоа и да е неверојатно, имало и позитивни коментари: „Генијално!“, „Препорачувам“, тврдат оние кои и сами пробале.

@marysherb

no lip filler needed💉

♬ More Than A Woman - SG's Paradise Edit - Bee Gees & SG Lewis
@marysherb

trust the process 😳

♬ FVN! - LVL1

Адел: „Свесно му го уништив животот на синот за јас да бидам среќна“

Британската пејачка Адел веќе некое време е во центарот на вниманието на медиумите ширум светот, со оглед на тоа дека неодамна сподели информации од приватниот живот за кој долго се шпекулираше.

Пејачката најави дека нејзиниот нов албум наречен „30“ излегува на 19-ти ноември, а во интервјуто кое го дала за престижниот магазин „Вог“ открила дека во новите песни ги опишала сите сомнежи кои ги имала во бракот со поранешниот сопруг Симон Конецки, омразата кон себеси, но и причините зошто се развела.

Имено, таа вели дека овој албум е создаден за нејзиниот син да сфати зошто таа го оставила неговиот татко.

„Мислам дека овој албум зборува за самоуништувањето, искреноста кон себеси и искупувањето. Но, спремна сум да ги слушнам реакциите на луѓето на мојата приказна. Со овој албум сакам да му објаснам на мојот син, кога ќе има 20-30 години, зошто самоволно одлучив да го уништам целиот негов живот поради својата среќа. Понекогаш е многу несреќен бидејќи неговиот татко и јас сме разведени. Тоа е жива рана за мене и не знам дали некогаш ќе може да закрепне од тоа“, рекла Адел.

За потсетување, кон крајот на април 2019 година беше објавена веста дека Адел и нејзиниот сопруг Симон Конецки се разведуваат, а парот го има 9-годишниот син Анџело Адкинс.

Пејачката признала дека одлуката за развод ѝ била претешка, но дека имала пријатели кои биле покрај неа и ја држеле за раце во ноќите кога неутешно плачела.

Популарно