9 лица починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 205

• Куманово – 37

• Велес – 20

• Прилеп – 19

• Битола – 15

• Штип – 14

• Кавадарци – 12

• Пробиштип – 9

• Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8

• Кичево и Кочани – по 7

• Струмица – 6

• Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5

• Македонска Каменица – 4

• Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3

• Богданци и Демир Хисар – по 2

• Гостивар, Берово и Пехчево – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од:

• Скопје – 137

• Куманово – 27

• Штип – 20

• Битола – 14

• Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12

• Велес – 11

• Тетово – 9

• Прилеп – 8

• Крива Паланка – 7

• Охрид – 6

• Виница – 5

• Гевгелија и Струмица – по 4

• Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3

• Демир Хисар и Крушево – по 2

• Пробиштип и Радовиш – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно