Во Гостивар тепачка, полиција смирувувала со истрели во воздух

Во Гостивар синоќа се случила тепачка меѓу две групи, а завршила откако полцијаци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели.

Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети.

Едниот од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат.

По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта.

Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

На испраќањето присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници.

Последна почит оддадоа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола.

Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, а по него во знак на почит се поклонија и првиот вицепремиер Артан Груби, министерот Бујар Османи, како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Посмртните останки претходно, од бугарските авиони ги преземаа припадници на Армијата и ги пренесоа до погребалните возила.

На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци.

Сообраќајната несреќа во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени се случи на на 23 ноември, на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул.

На „Скендербег“ поставени венци за оддавање почит на жртвите во автобуската несреќа

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Посмртните останки на загинатите пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ со два воено-транспортни авиона од Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром во моментов се одржува церемонија на која присуствува државниот врв.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.

Државниот врв им оддаде почит на загинатите, во тек е преземањето на останките

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром.

Почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Посмртните останки со возила на погребалното претрпијатие „Бутел“ ќе бидат пренесни до нивните вечни почивалитша.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Популарно