Во скопските општини до 15 часот најголема излезност Карпош со 32,16 отсто

Од скопските општини до 15 часот најголема излезност има во Карпош 32,16 отсто, а најмала во Шуто Оризари 19,15 отсто.

Според податоците на Државната изборна комисија, во Ѓорче Петров излезноста е 32,06 отсто, во Кисела Вода 31, 69, во Бутел 30,96, во Центар 30, 91, во Аеродром 30, 71, во Гази Баба 29, 3, во Чаир 25, 14 и во Сарај 21, 35 отсто.

За скопските општини е карактеристично тоа што покрај за избор за градоначалник и советници за својата општини, граѓаните гласаат и за избор и за градоначалник за Град Скопје и за советници.

Викендов автобусите од линиите 22, 22А и 64А ќе сообраќаат по изменет режим во реонот на улица „Лука Геров“

Поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров“ во населба Даме Груев, утре од 8 часот до понеделник до 6 часот возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“, како што посочуваат од Од ЈСП – Скопје, ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров“ со улица „Тиранска“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска“, па десно по улица „Шар планина“, потоа десно по улица „Лепенец“ и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар, се вели во соопштението од ЈСП – Скопје. 

Утре и задутре посебен режим на сообраќајот во Скопје поради посета на полскиот претседател

Министерството за внатрешни работи известува дека на ден 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда.

За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги  даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Министерство за внатрешни работи

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

По повод одбележувањето на 13 Ноември, борците од Народноослободителната антифашистичка војна ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

По средбата предвидено е делегациите да положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужни граѓани. Делегациите ќе положат цвеќе и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија.

Во Филхармонија на Република Северна Македонија вечер ќе биде доделена и наградата „13 Ноември“. Од областа на науката добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач. Во образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ, а во публицистиката Слободан Петровиќ. Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист, од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова.

Од областа на здравствената заштита награден е тимот за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и Основното училиште „Кирил и Методиј“ од село Стајковци, Општина Гази Баба.

Популарно