(Фото) Со ова момче Цеца била во врска само 17 дена

Цеца Ражнатовиќ беше поврзана со многу момци, но половина од тие приказни не се точни. Неодамна се појави фотографија од жестоко момче со кое Светлана била во врска, а таа тоа го потврди дури во една прилика.

Дејан Марјановиќ Шабан беше „опасно момче“ од Звездара, заврши градежно училиште, имаше своја компанија и сите девојчиња се вртеле околу него во тоа време.

Марјановиќ и Цеца често се гледале заедно во текот на деведесеттите години, а повеќето од средбите биле во еден белградски клуб.

Тие во неколку наврати потврдија дека се заедно, а на еден нивни собир беше создадена заедничка фотографија, која сè уште се споделува на социјалните мрежи и на страниците „Пулсот на асфалтот“ и „Легендите на деведесеттите“, кои се занимаваат со вакви теми.

Во своето последно интервју, што беше направено само два часа пред неговата ликвидација, Шабан ја негираше врската со Цеца:

– Јас сум млад човек, завршив градежно училиште, сакам да бидам во друштво на убави девојки, да возам убав автомобил. Еве, имам БМВ 850, што, верувам, во моментов е најдобриот автомобил од таа класа во Белград. И девојките ме обожаваат. Ве молиме, објавете дека сите приказни за мојата наводна врска со нашата најпозната фолкерка се чиста фикција и невистина. Ја сакам само мојата свршеница Јелика Матиќ Синди. Таа е познат фото-модел на Запад и јас сум среќен со неа – рече тој во тоа време.

Сепак, Цеца еднаш зборуваше за нејзиното запознавање со Шабан и рече дека го запознала преку Мира Шкориќ:

– Мира Шкориќ ме запозна со него веднаш штом дојдов во Белград. Тој ми беше претставен како сопственик на ланец бутици, ми рекоа дека неговиот татко е архитект и дека е убаво и образовано момче. Немав идеја дека тој е момче од асфалтот. Се забавував со него 17 дена и кога дознав кој е и што е, веднаш го оставив – изјави пејачката.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно