(Фото) Балканската хероина чека бебе, откако пред само две години ја изгуби раката во сообраќајка

Велат животот пишува романи. Во нив сигурно не може секогаш се да биде баснословно, бидејќи се случуваат и тешки моменти.

Приказната на Ена Дедиќ е токму таква, а и покрај тешката сообраќајна несреќа во која ја загуби раката, поточно дланката, можеме да кажеме дека нејзината приказна има среќен „крај“, затоа што на крајот на краиштата, таа излезе само посилна. И не само поради тоа, туку и затоа што главните ликови од таа приказна останаа заедно до крај, а покрај сето тоа неодамна ја дознаа и најсреќната вест – дека ќе станат родители.

И затоа крајот во нивниот роман се однесува исклучиво на крајот на тешките моменти, бидејќи најубавото допрва почнува.

Ена Дедиќ во летото 2019 година доживеа сообраќајна несреќа во Оловска Лука, во која остана без раката. Тоа беше еден од најтешките периоди во нејзиниот живот. Веројатно тоа за многумина би значело дека нивните животи радикално ќе се сменат, но не и за неа. Впрочем, Ена излезе посилна и со уште поголем животен оптимизам. Она што предизвика уште поголемо воодушевување кај сите што ја познаваат, како и кај голем број нејзини следбеници на Инстаграм е нејзината позитивност и енергијата што ја носи со себе.

Поранешната мис шарм на БиХ преку најтешкиот животен тест пружи уште поголем отпор и покажа сила која може да биде лекција за сите. Со право ја доби титулата хероина на Тузла. Денес е со насмевка на лицето и гордо ја носи роботската рака. Оние кои имале можност лично да ја запознаат или да ја слушнат како зборува за несреќата што ја снашла, долго потоа остануваат импресионирани, бидејќи Ена е една од оние луѓе по кои добивате уште поголема волја за живот. Секако, има нешто што не треба да го испуштиме во приказната со Ена.

Станува збор за нејзиното момче, вереникот Нермин Накичевиќ. Токму тој ја одигра клучната улога за Ена да живее со уште поголема количина на позитивна енергија на крајот на краиштата. Нермин остана со неа во најтешкиот период од нејзиниот живот, кога и беше најпотребна и во нејзиниот грб дуваше неверојатен ветер. Љубовта која беше од претходно доби сосема нова димензија, а сите што ги познаваат знаат колку тој дава се од себе за да ја направи среќна и да биде најсреќната жена на светот. Нермин понекогаш е склон кон бројни изненадувања за неговата Ена, а покрај се што прави, најголема награда и е тоа што храбро застана покрај неа и остана да ја следи низ животот.

Овој пар неодамна ја сподели среќната вест. Најубавата. Тие наскоро ќе станат родители на момче. Момчето ќе ја носи храброста на мајката и лојалноста на татко си. Ена вели дека се уште не се одлучиле за име, бидејќи многу им се допаѓаат, а се уште не направиле конечен избор. Таа е пресреќна бидејќи го доживува најубавиот период од животот, а бременоста напредува и се е како што треба. Таа додава дека со ова ја крунисале вистинската љубов, а покрај тоа што нејзиниот вереник останал со неа по несреќата, бебето било вистински подарок.

Можеби некаде далеку, скриени од сите, и Ена и Нермин ја носат болката од несреќата што се случи, но во нивната приказна се што им треба е љубов. Тогаш се заборава целата болка. Низ животот не се водат со раце, туку со срца исполнети со љубов. Како што вели една песна: Душите се сретнаа. Ена има преку 17.000 следбеници на својот Инстаграм, а постојано ги воодушевува бидејќи отворено зборува за се што поминала и ја покажува позитивноста која ретко ја среќаваме.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно