Фамилија Ахмети, маж, жена и 4-годишни близнаци се дел од загинатите во несреќа ShareЦрна хроника на 11.2021Фамилијата Ахмети, маж, жена и 4-годишни близнаци од Скопје се дел од загинатите во автобуската несреќа утрово во Бугарија. Фотографиите се направени во Истанбул, пренесува shqip.media. ShareTwitter Коментирај
Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше ПроескиЦрна хроника пред една неделаДенеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел. Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост. Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.ShareTwitter Коментирај
Почина Панчо од ДНКЦрна хроника пред една неделаПо неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија. По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.ShareTwitter Коментирај
Македонец до смрт претепан во СловенијаЦрна хроника пред 3 неделиПронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. ShareTwitter Коментирај
Живот Си направил скара во дворот пред 20 години, а за тоа се уште се тужат со соседот: Денеска е отпочната нова постапка
Се и сешто Доктор Беќаровски ја поздрави својата „скопска “ генерација: Бевме среќна генерација која...
Македонија Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
Вести Топло и срдечно добредојде за дечињата Фолклорен Ансамбл Љупчо Сантов - Оризари, Кочани во Црквата св.Кирил и Методиј Дортмунд
Напиши Вести Промоција 🎉 „На каде одиме?“ се враќа со третата сезона – инспирација, нови гости и свежи приказни секој четврток!