Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Слично време се очекува и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.

Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови.

Времето денес ќе биде променливо облачно во претпладневните часови

Времето денес ќе биде променливо облачно во претпладневните часови со повеќе облачност во западните делови и слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне.

Попладне облачноста ќе се намали.

Времето денеска ќе биде облачно со повремено засилен ветер

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер, попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.

Минималната температура е во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до минус 2 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 7 степени.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти УХМР.

Популарно