(Фото) Папараците ја фотографираа ќерката на Саша Поповиќ без грам шминка

Саша Поповиќ, 21. година е во брак со пејачката Сузана Јовановиќ со која ја има ќерката Александра. Дел од нивното семејство е и синот на Сузана од првиот брак, Даниел, кој Саша го гледа како свој син.

Ќерката на директорот на Гранд ретко се појавува во јавност, а сега била снимена кога со својата мајка завршувала обврски низ центарот на градот.

Двете биле без шминка, а она што многумина го коментираат е дека Александра многу личи на својот татко. Што мислите вие?

ВИДЕО: Дара Бубамара и удри шлаканица на Марина Вишковиќ среде емисија

Марина Вишковиќ и Дара Бубамара беа ривалки во играта „Лага или вистина“ во шоуто на Огњен Амиџиќ. И двете говореа по некои детали за себе, а во зависност од тоа дали другата страна ќе погоди дали се работи за лажна или вистинита информација, ќе бидат казнети или поштедени, а Марина Вишковиќ немаше многу среќа.

-Кога имав 17 години имав 100.000 марки во видео касета дома. Лага или вистина?! – ја праша Дара Марина, која мислеше дека тоа е лага.

Сепак, се покажа дека информацијата на Дара е точна.

– Вистината е! Имав 17 години кога почнав, собирав пари со мојот бенд за да го купам мојот прв стан. Живеев со моите родители во 33 квадратни метри и парите ги чував во видео касета – се присети Дара, која навлече ракавица за рерна и требаше нежно да и удри шамар на колешката.

Дара, сепак, малку посилно ја удри Марина, што ја шокираше, па и двете „пукнаа“ од смеење.

ВИДЕО: Жешко издание на Сара Јо во трико

Српската поп ѕвезда Сара Јо со провокативен стајлинг се појави на музичкиот фестивал „Скале 2022“,  кој е продолжение на познатиот фестивал „Сунчане Скале“ кој беше отворен на 26 јуни во Херцег Нови.

Пејачката за настапот одбрала целосно боди трико од познат светски бренд, а неговата цена е околу 20.000 денари. Стајлингот го надополнила со проѕирни сандали и мрежести чорапи. Комбинацијата Сара Јо ја комплетирала со црвен кармин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Сара Јо го имаше нејзиниот препознатлив настап со провокативен танц на нејизните хитови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Инаку, Сара Јо во Херцег Нови престојува заедно со нејзиниот дечко, кореографот Жига Сотлар, кој е задолжен за нејзината кореографија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

ФОТО: Цеца направила ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА на имиџот

Светлана Цеца Ражнатовиќ најголема балканска ѕвезда со години е препознатлива по својот стил и имиџ.

Овојпат одлучила својата тенмо кафена коса да ја осветли, а на своите обожователи им ја скокотнала фантазијата на Инстаграм сторија.

– Отидов во русокоси – напишала Цеца во описот на снимката.

аа се снимила со фарба на главата во фризерски салон, а каков ќе биде крајниот резултат останува да ја видеме наскоро.

Популарно