Тајни сигнали на секој прељубник

Ниту една врска не е заштитена од изневерата. Вие може и да не се сомневате и вашиот партнер многу непријатно да ве „изненади“. За да не се случи тоа, и вие да не останете скршена до болка затоа што сте му верувале, препознајте ги знаците на изневерата.

  • Бакнежите намалуваат. Наеднаш или постепено тој престанува да ве бакнува толку често како порано. Чувствувате дека неговите бакнежи се присилени и без страст. Тоа значи дека на друго место ги искажува своите интимни емоции.
  • Топлите прегратки исчезнуваат. Кога лежите двајцата во кревет, тој избегнува да ве прегрнува. Со изговор дека го боли грбот или дека не му е удобно, полека ве оддалечува од него.
  • Сексот е реткост или исчезнува. Ништо не се менува во вашето секојдневие, само сексот станува лош или воопшто го нема. Тој секогаш наоѓа изговори дека е премногу уморен или дека има мигрена. Можеби постои некоја друга, која му ја зема целата енергија.
  • Веќе не се грижи за вашето задоволство. Дури и ако имате секс, ништо не е како порано. Негова основна грижа е да биде задоволен тој и веќе не ве допира на начин што знае дека ве полудува.
  • Неговиот телефон секогаш му е до раката. Никогаш не се разделува со својот мобилен телефон, дури ни кога е во бањата. Секогаш е исклучен звукот и после секоја пристигната SMS- порака или јавување е вознемирен.
  • Останува на работа до покасно. Многу често мажите изневеруваат со колешка на работа или останувањето до доцна на работа им е најлесниот изговор што можат да го дадат, без вие да поставувате прашања.
  • Одеднаш има ново хоби на кое посветува многу време. Ако наеднаш пројави интерес кон некој спорт или кон фитнес салата, тој можеби сака малку време само за него. Но, можеби сака што повеќе време да биде подалеку од вас.

ДАЛИ НАВИСТИНА ВЕ ИЗНЕВЕРУВА?

Навистина понекогаш сите овие знаци може да покажуваат на друг проблем во врската, но најчесто се работи за изневера. Пред да го обвините во било што, разговарајте на оваа тема. Предизвикајте го отворено да зборува.

Прашајте го дали имате проблем или според него тоа е нормално. Ако и тој знае дека имате проблем, обидете да поработите на вашата врска. Ниту една врска не е лесна за одржување, потребен е трудот на двата.

Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи.

Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно.

Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци?

Несвесност за вашите намери

Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност.

– Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај.

Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно

Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно.

Го барате негативното

Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме.

Веднаш отпишувате потенцијален партнер

Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци.

– Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.

Жените во овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само од најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инаетлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Популарно