(Фото) Ријана намерно не носеше градник за да ја прикрие новоста од целиот свет гледајќи ја во градите, а не во стомакот

Пејачката и модна бизнисменка, Ријана, наводно го очекува своето прво дете со актуелниот партнер, раперот АСАП Роки.

Ѕвездата која оваа недела е видена во Барбадос, своето родно место каде е прогласена за народна хероина, гордо го носи својот труднички стомак, пишуваат американските медиуми.

Според „MTO News“, нејзиниот труднички стомак бил најочигледен за време на влегувањето во приватниот авион, кога носела само кроп топ.

„Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен за неа“, рекол извор за овој медиум.

Друг извор за истиот медиум открил дека персоналот е предупреден дека не смее да пие алкохол или да пуши во истите простории каде што се движи пејачката. За неа се подготвува и специјална храна, а наводно наутро имала и мачнини.

Тврдењата дека пејачката е бремена веќе кружат на интернет од септември оваа година. Фановите на Твитер првично напишале дека е очигледно дека Ријана е бремена. Пејачката сè уште не се огласила за оваа тема.

Инаку таа предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи поради тоа што на официјалната церемонија се појави без градник на себе.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно