Што се случува во машкото тело кога подолго време немате cekc?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно? Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

8 причини зошто жените cteнkaat додека имаат cekc

Речиси секоја жена испушта звуси на задоволство при секс, односно народски кажано, стенка. Зошо го прават тоа жените?

Одговор на задоволство

Една од најчестите причини зошто девојките воздивнуваат и стенкаат за време на сексот е поради тоа што стенкањето е нивниот автоматски одговор на задоволство. Задоволството кое произлегува од сексот може да предизвика звучна и несвесна реакција.

Автоматски одговор на болка

Секако, жените стенкаат и кога нешто ги боли. Ако партнерот бил малку погруб, или погодува место кое баш не им одговара, и тоа може да доведе до стенкање.

Како би го возбудила партнерот дополнително

Тешко е да заборавиме на сите проблеми кои не прогонуваат во текот на денот. Па дури и за време на секс некои од тие негативни емоции можат да пронајдат пат до мозокот. Стенкањето е начин на кој партнерката „враќа во игра“.

За партнерот да се чувствува подобро

Стенкањето е одличен начин жената да му покаже на партнерот дека ужива. За време на секс ги користиме сите сетила, па така слухот не би требало да биде запоставен.

За да го промени ритамот

Ако на стенкањето гледаме како на изразување без зборови, тогаш лесно може да се сфати дека тоа може да го промени ритамот на сексот.

За да ги забрза работите

Некои мажи толку се возбудуваат од сексуални звуци што можат да постигнат врв значително побрзо ако го слушаат она што го сакаат. Сексот понекогаш може да потрае, а стенкањето е одличен начин да се забрза работата.

За да ги успори работите

Ако жената точно знае што треба да направи, може да го промени ритамот на своето тело и тонот кој го испушта и на тој начин да ги успори работите, за партнерот да не заврши прерано.

За подобар секс

Сексот е супер. Сексот е важен. Сексот е напнат, возбудлив, а со вистински тонови може да биде уште подобар!

Неколку непишани правила за убав и доверлив брак

Колку подолго време една двојка живее без доволно блиску, доверба и интимност, толку повеќе се продлабочуваат нејзините проблеми во комуникацијата и полесно настапува отуѓувањето. Причините можат да бидат од различна природа и карактер.

Прочитајте ги 11 непишани правила кои ќе ви помогнат да ги зачувате добрите односи, почитта и топлите чувства меѓу вас и вашиот партнер:

1. Само кимнете со главата и насмевнете се

2. Никогаш не велете: “Нели ти реков!"

3. Затворете ја устата навреме

4. Чувајте го лично за себе своето мислење за неговото семејство

5. Никогаш не дозволувајте незначителните нешта да се претворат во закана за вашата врска

6. Никогаш не споделувајте детали од интимниот живот со други луѓе

7. Не изневерувајте

8. Никогаш не престанувајте да славите заедно

9. Споделете ги потребите и чувствата еден кон друг

10. Следете го златното правило

11. Одржувајте го жарчето на љубовта

Извор: lady.mk

10 „страшни“ ситници во cekcoт за кои мажите немаат поим

Жените често се оптоварени со впечатокот што ќе го остават при првиот секс со новиот партнер, но се чини – сосема непотребно. Тоа го потврдуваат и следните 10, непријатни за жените, ситуации во сексот за кои посилниот пол всушност воопшто не се грижи.

Дали е ова ваш прв или деветти состанок

За разлика од жените, на мажите не им е важно на колку „состаноци“ треба да одат пред првиот секс.

Дали носите „бабски“ гаќички

Во момент на толкава возбуда, мажот сигурно нема да ги одбие вашите „бабски“ гаќи. Наскоро и онака ќе останете без нив.

Имате кондоми со вас

Загрижени сте што ќе мисли мажот за вас затоа што носите кутија со кондоми во вашата чанта? Може само да мисли дека сте личност која практикува безбеден секс.

Дали тоа ќе биде најдобриот секс во неговиот живот

Никој не сака лош секс, но кога спиете со некого за прв пат е сосема нормално ако тоа не е сексот на вашиот живот.

Дали се избричивте утрово

Бидете сигурни дека мажот нема да забележи ако имате по некое влакно.

Каква е атмосферата во собата

Нема ни да забележи дали во собата има романтични свеќи и дали свири секси музика. Тој е фокусиран на вас.

Носите “push-up” градник

Не треба да се грижите дека ќе ви го соблече градникот и ќе рече „Измамен сум!“. Сигурно нема да го направи тоа.

Колку пози менувате за време на сексот

Не треба да се докажувате со испробување на секоја поза што ќе ви текне. Ако има нешто повеќе меѓу вас, ќе имате време да експериментирате.

Дали сексот трае цела ноќ

Сексот треба да трае доволно долго за двајцата да постигнете оргазам.

Дали ви треба лубрикант

Не треба да се срамите ако ви треба лубрикант за поудобен однос. Ова нема да ви ја намали страста и сексуалноста, пишува „Zadovoljna.hr“.

Популарно