Почина легендарниот xоливудски актер

Сидни Поатје, легендарниот актер и првата црна ѕвезда на Холивуд, почина во 94-та година, соопшти во петокот владата на Бахами, татковината на актерот.

„Загубивме великан, јунак, учител, борец и национално богатство“, напиша на Facebook потпретседателот на бахамската влада, Честер Купер, без да ја наведе причината за смртта и покрај поодминатата возраст.

Актерот познат во „Бегство во синџири“ и „Во жештината на ноќта“ по игра на случајот е роден во Мајами на Флорида, на 20-ти феврурари 1927 година, додека неговите родители од соседните Бахами дошле во посета во САД, па така имаше и американско и бахамско државјанство.

Поатје беше првиот афроамериканец кој уште во 1964 година го освои Оскарот за најдобар актер во филмот „Полските лилјани“ (Lilies of the field).

„Беше потребно долго време да се дојде до ова“, позната е неговата тогашна изјава искажана примајќи го признанието.

Кога во 37-та година од животот го прими Оскарот, актерот со шармантна насмевка беше единствената холивудска ѕвезда со темен тен.

„Филмската индустрија тогаш сѐ уште не беше подготвена да создаде повеќе од една ѕвезда меѓу актерите припадници на малцинствата“, напиша Поатје во својата автобиографија „Овој живот“.

„Во тоа време (…) ги преземав врз себе надежите на цел еден народ. Не можев да влијаам на содржината на филмот (…), но можев да ја одбијам улогата, што го сторив безброј пати“, додава актерот во своите сеќавања.

Истата 1963 година за улогата во споменатиот филм му е доделена наградата Златен глобус. Покрај тоа, беше лауреат на три награди Хенриета (1969, 1970, 1971), признанието на Сесил Б. Демил (1982), почесен Оскар (2002).

Забележителна улога остварува во „Погоди кој доаѓа на вечера?“ од 1967 година, филм кој привлекува внимание за расизмот во тој период.

Но не помалку забележителни се и ролјите кои всушност го прославиле во филмовите „Пркосните“ (The Defiant Ones, 1968), „Порги и Бес“ (Porgy and Bess, 1959), „Во жештината на ноќта“ (In the Heat of the Night, 1967), „На учителот со љубов“ (To Sir, with Love, 1967), „Погоди кој доаѓа на вечера?“ (Guess Who’s Coming to Dinner, 1967), „Бак и проповедникот“ (Buck and the Preacher, 1972)… Во текот на кариерата, Поатје играл во повеќе од 40 филмови.

Во 2002 година Сидни Поатје беше награден со Оскар за животно дело за неговите „исклучителни достигнувања, достоинството, стилот и талентираноста“.

Како препознатлива и почитувана личност, беше ангажиран и во дипломатијата на неговата татковина, имено од 1997 до 2007 година, Поатје неше амбасадор на Бахами во Јапонија.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Јато делфини формирале заштитен прстен и спасиле капач од голема бела ајкула: „Никогаш нема да го заборавам ова пливање“

Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.

Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.

„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.

„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.

Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.

Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Популарно