81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 и 78% од починатите се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата 85.593 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани. Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78% од починатите лица со ковид, биле невакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно