Евтин трик што ја чува топлината, струјата и парите

Ладните денови пристигнаа и сега мора да се догреваат бањата, собите и целиот дом.

Сите го обожаваме оној момент кога од ледените температури надвор конечно ќе пристигнеме во топол дом, но што ако имаме лоша изолација на вратите и прозорците?

Овој едноставен трик ќе ви заштеди и на топлина и на струја или огрев, а со самото тоа и пари!

Сè што треба да направите е да купите гумена дихтунг лента и со неа да ги обложите рабовите на вратите и прозорците.

Оваа лента е одлично решение и ако имате пукнатини во столаријата или околу неа – бидејќи е многу еластична, можете да откинете парченце и со неа да ја пополните дупката.

Студениот воздух повеќе нема да може да влегува, а вашиот дом ќе биде значително потопол со малку труд и потрошувачка.

Со Северина само скандали, а со неа ужива во љубовта

Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина, веќе подолго време ужива во новата љубов со русокоса, која во никој случај не наликува на пејачката.

Имено, освен нивниот сосема поинаков изглед, нивните карактери се сосема спротивни.

Откако стави крај на бурниот и многу краток брак со регионална музичка ѕвезда, ја запозна Бојана и со неа основаше семејство и дом. И иако е помлада од него, дури 28 години, се чини дека оваа голема разлика воопшто не влијае на нивниот хармоничен однос.

Од голема љубов тие добија два сина – Милан и Ѓорѓе, а набрзо нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член. Тие се исклучително среќни што наскоро Бојана ќе роди девојче. Сопругата на Милан Поповиќ не сака јавно да се експонира, а бизнисменот своевремено пред медиумите зборуваше за неа како за примерна жена.

-Со неа нема кавги и расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и прекрасна мајка, а тоа ми е многу важно, изјави Милан.

Од друга страна, тој нема добро мислење за поранешната сопруга со која доби син. Односите меѓу нив се веќе подолго време затегнати, а проблемите околу старателството на малиот се решаваат преку суд со бројни скандали кои ги полнат страниците на весниците. Бизнисменот смета дека поради природата на работата на Северина, таа не може целосно да се посвети на нивното дете, а тоа треба да расте со својот татко.

(Видео) Марија Шерифовиќ конечно се огласи за инцидентот

Марија Шерифовиќ неодамна се најде во скандал пред јавноста кога на социјалните мрежи се појави видео како дивее низ белградските улици, на кое јасно може да се види како пејачката во друштво на непозната девојка го запира својот автомобил среде улицата, излегува од него и почнува силно да вреска и да удира со рацете по возило.

На социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулациите дека во тој момент со Марија била и Џејла Рамовиќ, со која ја поврзуваат откако младата пејачка излезе на јавната сцена.

Шерифовиќ по појавувањето на видеото се огласи и објасни дека во тој момент добила „приватно лоши информации“, а сега јавно проговори за скандалозниот случај.

-Не можам да кажам дека жалам што во јавноста излезе видеото каде што го направив инцидентот. Сите вие ​​овде сте луѓе од крв и месо, имате екстремитети, душа и емоции. Не е примерно, но никогаш не би го заменила мојот најискрен потег за се што е неискрено и лажно. Им се извинувам на пријателите, на автомобилот, на луѓето што ги разбудив, изјави Марија.

(Фото) Ана Николиќ со нова промена во изгледот

Пејачката Ана Николиќ, повторно го промени имиџот. Покрај тоа што драстично ослабе со помош на ригорозна диета, пејачката малку внимание посвети и на косата.

Пејачката секогаш ја носеше косата со патец на средината, но сега реши да направи шишки, а новата фризура им ја покажа на следбениците на Инстаграм.

Пејачката до сега покажуваше како изгледа нејзината права, фенирана коса и како кога носи локни ја собира косата, а сега ја видовме во издание со шишки.

Ако ја оцениме врз основа на реакциите на нејзините следбеници, може да заклучиме дека се задоволни, а и испратија голем број комплименти.

Популарно