ЕСМ утре го презема управувањето со топлинската енергија

ЕСМ денеска попладне на владина седница треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ и веќе од утре да го преземе управувањето со топлинската енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење.

– Денеска попладне ќе имаме владина седница на која ЕСМ е обврзан да го достави Предлог-договорот за техничка соработка со БЕГ. Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба во делот на топлинската енергија, дополнително ќе вбризгуваме средства во ЕСМ. Од утре, ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, БЕГ дистрибуција и БЕГ производство со цел граѓаните на град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона, изјави денеска Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

Договорот меѓу ЕСМ и БЕГ, како што најави, ќе биде јавно достапен

Нема починати лица а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци,Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1411 тестови преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-42, Систина-37, лабораторија Лаор-16, Синлаб-17, Ремедика - 16, Плодност-10, Генеа-25, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-27, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–12 Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–3 Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 639.

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.

КЗБ денес ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

За денес е закажан состанок на Комисијата, а една од точките на расправа ќе биде состојбата со мајмунските сипаници во светот и можноста за евентуално пренесување кај нас и подготвеноста на системот да се справи со евентуална епидемија или пандемија која би се појавила во светот и кај нас.

– Што ќе се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе информираме по неговото завршување, за тоа што понатаму планираме да спроведеме како активности во однос на тоа системот да биде што поподготвен за евентуална епидемија која би можела да се случи, додаде д-р Мехмедовиќ.

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник.

Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.

Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

Популарно