По ужасните закани кои ги доби, исплашената Сандра Африка донесе голема одлука

Во Белград е уапсен хрватскиот државјанин Л.Р бидејќи и се заканувал на пејачката Сандра Африка.

Манијакот една година ја прогонувал Сандра, а пред два дена со ужасни закани и физички ја нападнал во ресторан во Нов Белград.

-Доаѓам во Белград да ти ги скршам забите и рацете! Ако те сретнам на улица, ќе ти ги ископам очите … ќе те тепам до смрт, ќе те заколам!  – ова се само дел од пораките кои Л.Р ги испратила на пејачката.

Сандра за медиумите изјавила дека била преплашена кога во понеделникот вечерта се сретнала лице во лице со својот прогонител.

-Влезе во ресторанот, ми пријде и ме праша дали знам кој е тој. Веднаш сфатив кој е и почнав да врескам! Се згрозив што пред мене има лице кое ми се закануваше дека ќе ме заколи! Луѓето кои се најдоа во ресторанот веднаш ми дојдоа на помош. За среќа, манијакот набрзо бил уапсен, рекла Сандра.

Иако нејзиниот прогонител е лишен од слобода, Сандра сепак не се чувствува безбедно:

-Дадов изјава во полиција и отидов дома, но не сум мирна. Се уште сум во страв и ќе морам да ангажирам обезбедување. Земам лекови за смирување, многу лошо се чувствувам, низ солзи раскажува пејачката и открива дека една година живеела во страв.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно