Македонија вечерва ќе настапи на Евровизија

Андреа Коевска со песната „Circles“ вечерва ќе ја претставува Македонија на втората полуфинална вечер од годинешното издание на Евровизија кое се одржува во Торино, Италија.

Под реден број 11 Андреа ќе настапи на 66-то издание на оваа престижна музичка манифестација и покрај скандалите кои и оваа година беа неминовни кога е во прашање учеството на Македонија.

Од друга страна, во последните години актуелни се обложувањата за тоа кој ќе влезе во финале или кој ќе победи на Евровизија. Од самиот старт Македонија е на дното кога се во прашање шансите за победа или влез во финале.

Долго време бевме последни на 40-та позиција, а денеска неколку часа пред почетокот на настапот сме на 33та позиција (и натаму последни), откако седум земји веќе испаднаа во првата полуфинална вечер.

(Фото) Милица покажа како изгледа кога е уморна и без шминка

Милица Тодоровиќ синоќа гостуваше во германскиот град Минхен, а пред многубројната публика ги испеа своите најголеми хитови.

Веднаш потоа пејачката се упати кон аеродромот и се врати во Белград.

Фоторепортерот на порталот Pink.rs се најде на лице место и ја фатил пејачката во необично издание на аеродромот „Никола Тесла“.

Имено, Милица била целосно без шминка, а откако пеела до доцна во ноќта се видело дека е уморна.

Тодоровиќ ги сокри очите и дел од лицето зад белите очила на познат и скап моден бренд, а облече тотално лежерен и опуштен стајлинг – бела маица и кожна јакна.

(Фото) Дојде со пејачката на гробот на Мрка, а потоа изврши православен ритуал

Ана Бекута денеска дојде на шестмесечно чествување на Милутин Мркоњиќ со кого девет години беше во вонбрачна заедница, а друштво на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани и направија нејзините внуци Соња и Бранко, но и Милица Полиќ, нејзината мајка.

Во тежок емотивен момент со неа била и мајката Милица, која имала многу убаво мислење за Мрка. Сепак, пејачката досега никогаш посебно не ја истакнала својата мајка во јавноста, туку само зборувала за неа.

– Денеска мајка ми е горда што сум пејачка, знам дека ме сака и ме поддржува во се – истакна во една прилика Бекута, а тоа се виде денеска на гробиштата. Цело време беше покрај ќерката, а беше очигледно дека и нејзе тешко ѝ падна заминувањето на Мрка.

Милица се прекрсти и го бакна гробот на починатиот политичар, што е обичај кај православците.

Да потсетиме, Мркоњиќ почина на 27 ноември, а неколку недели претходно поради срцеви заболувања се лекуваше во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

(Видео) Ова е првото момче на Карлеуша само на 16 години, од овие зборови денес пејачката пропаѓа во земја

Пејачката Јелена Карлеуша позната е по бројните скандали и афери.

На естрадата се појави уште како тинејџерка, а тогаш во врска била со момче од средношколските денови.

Карлеуша тогаш имаше 19 години, а пред камерите говореше дека цел живот сака да биде со него.

-Мене првата љубов ми се случи кога имав 16 години и еве трае се до денеска. Тоа е моето сегашно момче. Инаку, и мое прво момче. Се вика Немања. Тој е спортист и ми е голема поддршка, рекла тогаш Карлеуша и додала:

-Јас се надевам дека долги години ќе бидеме заедно, како што веќе неколку години и сме. Тој е човек кој што многу ми помага и ми дава сатисфакција да продолжам да се занимавам со ова што го работам. Многу го сакам. Се надевам дека ќе се омажам за него и ќе му родам пет деца, заклучила тогаш младата пејачка.

Нивната љубов не траеше долго, а Карлеуша влезе во романса со Зоран Давидовиќ Чандо, а причина на прекинувањето беше смртта на истиот.

Целото видео како изгледаше Карлеуша тогаш погледнете го ТУКА

Популарно