СОНК и МОН на нова преговарачка средба, Синдикатот очекува конечно усогласување на ставовите

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска попладне треба да имаат нова средба на која ќе се разговара за процентот на зголемување на платите. По завчерашната, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање, како и за колективните договори за основно и средно образование и временска рамка за изработка, потпишување и нивна примена.

Нова преговарачка средба на СОНК со Министерството за труд и социјална политика за отворените прашања во дејноста детска заштита, пак, е договорена за 17 мај откако на вчерашната средба двете страни разговарале за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со  јуни.

МТСП по средбата информираше дека било разговарано и за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

Повикувајќи се на одредбите на Законот за работни односи и Колективниот договор за предучилишните јавни установи, ставот на МТСП е дека на учесниците на штрајкот  работодавецот е должен да им уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Организаторот на штрајкот, пак, од свои средства да им обезбеди надомест на нето-плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако во неделата истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

Синдикатот го организираше штрајкот со барање веднаш да се  зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно да се усогласат со порастот на минималната плата, која од март е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Покрај процент за зголемување на платите, на преговарачката маса се и колективните договори во дејностите што ги покрива Синдикатот.

СОНК најпрво одби 10 отсто зголемување на платите на вработените во градинките и во образовните установи, а членството на Синдикатот не ги прифати ни 12 проценти покачување што ги понуди Владата.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно