Едно лице починато и 89 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп , Штип и Берово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани ,Гевгелија и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 87 оздравени пациенти од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен – по 4, Штип и Кичево – по 3, Гевгелија и Велес – по 2, Куманово, Берово, Струмица, Дебар , Валандово, Богданци и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно  починато лице од Скопје (85г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно  починато лице од Скопје(70г),починат во домашни услови,пoчинат на 30.04.2022 година.

Направени се 1.221 тест преку: ИЈЗ-130, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-25, Биотек-33, Систина-29, лабораторија Лаор-24, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-10, Никоб Лаб-72, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 560.

Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146068, Активни 307

Куманово 16653, Активни 14

Битола 15525, Активни 112

Прилеп 14184, Активни 30

Тетово 13468, Активни 11

Кавадарци 10670, Активни 26

Велес 9781, Активни 11

Гостивар 9597, Активни 12

Охрид 8882, Активни 28

Струмица 8071, Активни 8

Штип 8037, Активни 12

Кичево 5634, Активни 8

Кочани 5084, Активни 6

Струга 4723, Активни 5

Гевгелија 4414, Активни 7

Неготино 3685, Активни 6

Ресен 2737, Активни 12

Свети Николе 2626, Активни 2

Радовиш 2530, Активни 1

Крива Паланка 2415, Активни 2

Делчево 1983, Активни 4

Дебар 1674, Активни 0

Берово 1663, Активни 3

Валандово 1488, Активни 0

Виница 1393, Активни 2

Пробиштип 1267, Активни 0

Богданци 1021, Активни 1

Кратово 966, Активни 1

Крушево 926, Активни 0

Демир Хисар 834, Активни 2

Македонски Брод 736, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 523, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 1

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно