Белград: Мајка си го фрлила детето низ прозорец, па скокнала и таа

Една мајка си го фрли петгодишното дете во Миријево од трети кат, по што и таа скокна од терасата на истиот кат, но за среќа и детето и мајката го преживеаа падот и немаат посериозни повреди, соопштија од Ургентниот центар.

Детето немало повреда на главата, а тоа е најважно, по што било префрлено во Институт за мајка и дете како пациент.

„Детето нема скршеници. Свесно е и комуницира, а само вели дека му се спие“, откриваат од болницата.

Мајката има повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.

Во 97 училишта во Белград дојави за поставени бомби

Министерството за образование на Србија соопшти дека утринава во 97 основни училишта во Белград, добиле дојави за поставени бомби како и во некои средни училишта, а во голем број од нив по полициска проверка било утврдено дека дојавите се лажни.

Родителите добија пораки да не ги носат децата на училиште, наставата не е ни започната, а децата кои ќе пристигнат се враќаат дома.

За дојавите се информирани надлежните служби и претстои претрес на специјализирани екипи, јави Бета.

Познат пејач со нож избодел членови на својот бенд, тие се борат за живот

Познатиот пејач од Крагуевац, Милош Стевановиќ (39) синоќа со нож избодел двајца членови на својот бенд, по жестока расправија.

Како што објаснува изворот на нашиот портал, немало масовна тепачка како што се верувало во првите моменти, туку познатиот пејач на крајот од настапот се скарал со членовите на својот бенд.

-Тие излегоа пред клубот, а потоа пејачот нападна двајца членови на неговиот бенд и ги избоде со нож и двајцата, објаснува изворот на порталот „Нова.рс“.

Прво, медиумите објавија дека пејачот избодел двајца гости во клубот, но новите информации говорат дека избодените се членови на неговиот бенд. Милош е уапсен.

Популарно