(Фото) Почина славната водителка, имаше три деца и 42 години

Атрактивната ТВ водителка Ерин Џејн Пламер беше најпозната и запаметена по водечките реклами на Студио 10 и шопинг каналот. Во текот на викендот беше објавена трагична вест дека водителката Ерин почина на 42-годишна возраст.

Во емисијата што се емитуваше во понеделникот, информацијата за нејзината смрт ја објавија колегите на убавата Ерин.

Сара Харис и Анџела Бишоп ја опишаа Ерин како „убав човек одвнатре и однадвор“ и „мајка со златен медал“ за нејзините деца.

Таа ги остави сопругот и трите ќерки, а причината за смртта не е позната.

Да потсетиме, покрај ТВ кариерата, Ерин беше успешна пливачка која ја претставуваше Австралија на три светски првенства и освои 11 национални титули.

Пронајдено телото на 14 годишното момче кое се удави во Беровското Езеро

Пронајдено е телото на 14 годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот.

Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје. (МИА)

Девојка тешко повредена во сообраќајка во Струмица

На 01.07.2022 во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р.(26) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Тетовчанка претепана од љубовникот од Скопје

Тетовчанка била нападната од својот партнер поради што завршила во болница. 

На 30.06.2022 во 16.45 часот во СВР Тетово, од Центарот за социјални работи Тетово било пријавено 43-годишна тетовчанка кај нив пријавила дека на 28.06.2022 била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого била во љубовна врска, во неговиот дом во Скопје.

Според пријавеното, откако избегала, таа побарала лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Популарно