СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе бара масовна вакцинација бидејќи мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, пренесуваат медиумите.

Ричард Пебоди, кој го води тимот на СЗО за патогени со висока закана за Европа, изјавил дека сегашните залихи на вакцини и антивирусни лекови се релативно ограничени.

Неговите коментари следеа откога американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека се во процес на пуштање на некои дози од вакцината „Џиннеос“ за употреба во случаи на мајмунски сипаници.

Германската влада рече дека ги проценува опциите за вакцинација, додека ОК веќе има понудено вакцини на некои здравствени работници, анализираат медиумите.

Според нив, јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат повеќе од 100 сомнителни и потврдени случаи на вирусната инфекција.

Примарни мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација, рече Пебоди, истакнувајќи дека не се работи за вирус кој лесно се шири, ниту пак досега предизвикал сериозно заболување. Вакцините што се користат за борба против мајмунски сипаници може да имаат некои значајни несакани ефекти, додал тој.

Не е јасно што ја предизвикало појавата, а научниците се обидуваат да го разберат потеклото на случаите и дали нешто се променило во врска со вирусот. Нема докази дека вирусот мутирал, соопшти агенцијата на ОН претходно оваа недела.

Многу од заразените, но не сите на кои им е дијагностицирана актуелната епидемија на мајмунски сипаници биле мажи кои имале секс со мажи, покажале анализите според агенциите.

Повеќето од потврдените случаи не биле поврзани со патување во Африка, што укажува на тоа дека може да има многу неоткриени случаи, кажал Пебоди.

„Значи, го гледаме само врвот на ледениот брег“, рекол тој.

Со оглед на темпото на избувнувањето и неизвесноста за тоа што ја води, постои загриженост дека големите настани и забави ова лето би можеле да ги влошат работите, оценил тој.

„Не им велам на луѓето да не се забавуваат и да одат на разни настани, важно е што прават луѓето на забавите. Значи, станува збор за безбедно сексуално однесување, добра хигиена, редовно миење раце, сите овие работи ќе помогнат да се ограничи преносот на овој вирус“, изјавил Пибоди.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Јато делфини формирале заштитен прстен и спасиле капач од голема бела ајкула: „Никогаш нема да го заборавам ова пливање“

Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.

Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.

„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.

„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.

Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.

Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Популарно