Времето денеска ќе биде сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени, а УВ 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во петок попладне и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град. 

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер.

УВ=9

Времето денес ќе биде сончево и многу топло

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со град.

УВ=8

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска во републиката.

Според информациите на УХМР, попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје и во околината ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

И следните денови ќе преовладува топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе има чувство дека температурата на воздухот е повисока.

И покрај топлото време, претежно во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и услови за појава на краткотрајно невреме.

Популарно